ПМФЛ: Ќе врие во Штип, Брегалница го дочекува Тиквеш, Арслан дебитира на клупата на Шкупи и тоа против “пиратите“…

422

 

Денеска од 15 часот се играат четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ,кое беше отворено вчера со мечот меѓу Македонија ЃП и Работнички (2:1), инаку Силекс е слободен.

Најинтересно ќе биде во Штип каде се игра “Дербито на Истокот“ меѓу Брегалница и Тиквеш. Спектакл е кога играат овие две екипи,посебно во Штип, и посебно сега кога „сините“ под водство на Горан Здравков играат фантастично. Брегалница е во налет, Брегалница посакува продолжување на супер – серијата оваа пролет.

May be an image of 1 person, standing and grass

Шкупи со нов тренер ги дочекува “пиратите“. По отказот кој го доби Гоце Седлоски,денеска на Чаир тимот ќе го води Џихан Арслан. Тоа за стратегот од Турција ќе го има своето деби против тимот на Мирсад Јонуз.

Во Тетово домашната Шкендија ја дочекува Победа и се освен убедлив триумф на “црвено – црните“ ќе биде рамно на сензација. Во Струга лидерот ќе има тежок предизвик, гостува одличната А. Пандев.

ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

СТРУГА ТЛ – А.ПАНДЕВ

ШКУПИ – СКОПЈЕ

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2:1

СИЛЕКС (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 41, Силекс 38, Брегалница 32, Македонија ЃП 32, Тиквеш 28, Работнички 24, А.Пандев 20, Скопје 14, Победа 13…бодови

ПретходноКвитова го освои Мајами!
СледноАлегри крајот на мечот го дочека во тунелот, објасни и зошто!