Вчера ФК Јуниор го победи Милано со 3:0, во меч од Општинската лига на Куманово. Резултатот беше во втор план, имено овој натпревар имаше пред се хуманитарен карактер.
А за што станува збор објаснуваат луѓето од тимот на Јуниор од с. Доброшане.
“Вчера победи хуманоста и човечанството.
Вчерашната победа ти ја посветуваме на тебе Никола, и оваа нека биде само еден почеток на твоите победи.
Средствата кои беа соберени вчера, средства во кои учествуваа сите членови на ФК Јуниор како и голем дел од публиката ке бидат донирани како помош за лекувањето на Никола.
Нека нашата хуманитарна акција биде само поттик и апел за сите кои имаат можност да помогнат на Никола кој боледува од рак на коските.
Ова е личниот број на Никола па кој сака може и лично да го исконтактира: 074 604 158
Трансакциска сметка: 200003717578051 – Стопанска Банка Ад Скопје