Робињо го предаде пасошот, затворот не му бега!

456

Некогашниот бразилски репрезентативец Робињо, кој беше осуден за силување во Италија, нема да ја избегне затворската казна. Тој им го предаде пасошот на властите во четвртокот рано наутро, откако минатата недела Франциско Фалкао, претседателот на Врховниот федерален суд, нареди повлекување на документот и му забрани на Робињо да го напушти Бразил. Обвинителот ја донесе оваа одлука откако невладината организација Mulheres do Brasil (Бразилки) се придружи на барањето на италијанската влада играчот да ја отслужи деветгодишната затворска казна што му беше изречена за силување во Италија во Бразил.

По одлуката на обвинителот, Робињо, кој и претходно се криеше, откри каде се наоѓа и најави намера доброволно да го предаде пасошот што се случи пред два дена. Робињо трипати беше изведен на суд во Италија бидејќи, според обвинението, силувал млада Албанка во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Пресудата стана правосилна во Италија и нема дополнителна жалба, но, Робињо во меѓувреме ја напушти европската земја и од 2014 година со мали прекини живее во Бразил, кој нема договор за екстрадиција со Италија.

ПретходноХамилтон се договорил со Елон Маск да го прати во вселената со SpaceX
СледноХаосот во Далас продолжува, Лука бадијала даде 42 поени (ВИДЕО)