Екипата на Сампдорија доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Рома со 3:0 во рамките на Серија А. Сампдорија која од 52 минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Муриљо, а овој пораз уште повеќе ги разниша амбициите за опстанок. „Морнарите“ се на претпоследната позиција на табелата.
Станковиќ се побуни кон судијата на што наиде на остри реакции од навивачите на Рома кои го навредуваа. Станковиќ е поранешен играч на Интер, но и на Лацио, жестокиот ривал на Рома, па од тука и жестоката реакција на навивачите кои извикуваа: „Ти си циган“.
На тоа интервенираше Жозе Мурињо кој се обиде да ги смири разулавените навивачи, Станковиќ иронично им аплаудираше.
Рома го отвори резултатот преку Вајналдум во 57 минута, а во финишот Дибала и Ел Шарави ја обезбедија убедливата победа.
Рома е на четвртото место со 50 бода, исто колку и третопласираниот Интер.