Алармот во Далас е вклучен, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг може да се случи да останат без место во НБА плеј-офот. Поразот од Мајами на гости (129:122) може скапо да го чини тимот од Тексас кога е во прашање продолжението на сезоната. Ништо не е готово, остануваат уште четири кола, но ситуацијата не е нималку наивна.
И покрај личните проблеми и маките со повреди, Словенецот беше на теренот, беше на дофат на трипл-дабл учинок (42 поени, 10 скока, 8 асистенции), но и тоа не беше доволно за триумф на Флорида.
Мавси моментално се на 11. место со скор 37-41, а на 10. последна која води на плеј-ин турнирот е Оклахома (38-40), додека е веднаш зад Јута (36-41). Ништо не е загубено, Тандер „бегаат“ со само една победа, иако со оваа форма и игрите на Далас многу работи ќе треба да се сменат.
По Дончиќ на листата на стрелци следет Тим Хардавеј Џуниор со 32 поен и Кајри Ирвинг со 23 поени и 8 асистенции. Во редовите на Хит, Џими Батлер беше најдобар со 35 поен и 12 скока.
На втората средба одиграна синоќа, Њу Орлеанс славеше против ЛА Клиперс со 122-114. Инграм со 36 поени ги предводеше Пеликанс, на другата страна Кавај Леонард со 40 поени беше прв стрелец на мечот.