Навистина што ли уште треба да се случи за да на газдата на Челзи, Тод Боли му текне да го откачи тренерот Греам Потер. Она што Челзи вчера го одигра со Астон Вила дома, и пораз од 0:2, не треба да се опише посебно, доволно е да се каже само еден збор…очај.
Да “фрлиш“ толку пари на засилувања, 750 милиони фунти за една година,а притоа и да имаш супер-ти, да го направиш Потер петтиот најплатен тренер во Европа и да имаш вакви резултати, е тоа е сигурно тотално непознавање на фудбалската игра.
Овој Потер е добар за во Брајтон, Брентфорд, но далеку, далеку е од еден клуб како Челзи.
Инаку по поразот од Астон Вила во клубот имало вонреден состанок, и е одлучена судбината на Потер, а тоа значи дека тој до крајот на сезоната ќе остане на клупата на Челзи.