Џошуа го победи Френклин во луда борба од 12 рунди (ВИДЕО)

167

Ентони Џошуа го победи Џермејн Френклин со едногласна одлука по 12 рунди луда борба (118-111, 117-111, 117-111). Натпреварот се одржа во О2 Арената во Лондон. Ова беше прва победа за Џошуа по два последователни порази од Олександр Усик.

Британецот го покажа веројатно најдобриот бокс во последните неколку години, тој владееше со борбата, а Френклин ги имаше своите најдобри моменти кон крајот на борбата. Тој беше особено добар во 11. рунда, во неа успеа чисто да го добие, но тоа не беше доволно судиите да му ја дадат победата.

Во последната рунда Американецот уште еднаш се обиде да го испровоцира Ентони. Британецот повторно возврати со неколку одлични удари и на крајот стигна до убедлива победа.

Џошуа во оваа борба влезе како голем фаворит според букмејкерите и ја оправда таа улога. Френклин пред оваа борба беше 34-ти боксер според рангирањето на BoxRec, а во кариерата беше поразен само од Дилијан Вајт кога исто така издржа 12 рунди и имаше сериозна борба со Вајт, но судиите сепак му дадоа предност на Вајт.

За Џошуа ова беше 25-та победа во 28 меч, американскиот боксер го претрпе само вториот пораз, а има 21 победа.

ПретходноХаосот во Далас продолжува, Лука бадијала даде 42 поени (ВИДЕО)
СледноКвитова го освои Мајами!