Челзи му врачи отказ на досеашниот менаџер Грем Потер. Ова беше очекуван потег на раководството затоа што резултатите се катастрофални и покрај тоа што во зимскиот преоден рок беа вложени многу финансиски средства за нови играчи.
Потер не успеа да го вклопи тимот и да вгради победничка атмосфера. Последниот пораз од Астон Вила на „Стемфорд Бриџ“ ја прели чашата од незадоволство.
Бруно Салтор ќе биде в.д. менаџер додека не биде најдена соодветен тренер за првиот тим на „сините.