Иако досега и не беше во прв план што се однесува до тимот на Сараево по денешниот меч очигледно дека стручниот штаб на клубот ќе треба да размисли добро на оваа тема. Даниел Аврамовски денеска на „Бордо“ тимот му донесе гостинска победа од конечни 2:3 со голот постигнат во финишот на мечот против Слобода Тузла.
Голеадата траеше во текот на сите деведесет минути но на крајот, поточно во 73. минута Аврамовски се најде на вистинското место во вистинско време и реализираше за водство, а потоа и победа на својот тим.