Меси во 2021 година дојде како големо засилување во ПСЖ, се очекуваше францускиот тим да дојде до првиот трофеј во Лигата на шампиони, но и оваа сезона остана со празни раце.
Навивачите на францускиот првак се разочарани, а како главен виновник за нив е Аргентинецот, пред две недели доби свирежи. Овој потег само дополнително ги загреа информациите дека Меси нема да остане во Париз, а колку е разочаран говори и видеото кое се појави на социјалните мрежи. Меси го загуби целиот мотив, едвај чека да заврши сезоната и да стави крај на приказната наречена ПСЖ.
Многумина го поврзуваат со кам-бек во Барселона, но засега нема официјална понуда, единствен кој испрати понуда е токму ПСЖ.
Messi sort s’entraîner ici #PSG pic.twitter.com/Hk8NtjdGbG
— La Source Parisienne (@lasource75006) March 31, 2023