Полувреме: “Бум-бум“ Бесарт, “пиратска“ сензација на Чаир!

390

Завршија сите први полувремиња од четирите средби од ова 25.коло во ПМФК. Струга ТЛ просто ја гази А. Пандев, има водство од 3:0, сите три гола паднаа во првите 20 минути. Бесарт Ибрами стрелаше двапати, а еден гол постигна и Мухарем за 3:0.

Шок на Чаир, тимот на Скопје со голот на Абази има водство. Ова е навистина голема „пиратска“ сензација. На новиот тренер Џихан Арслан не му тргна најдобро на клупата на Шкупи, сепак има да се игра уште едно полувреме.

Гостите беа и оштетени, имено во 42.минута судијата Стојанче Стојанов не покажа чист пенал по стартот врз Хајдари, значи водството на Скопје требаше да биде двојно.

Шкендија со голот на Алмир Реџепи има водство од 1:0 против Победа, тетовци промашија голем број прилики, слободно можеа да водат многу поубедливи.

Мирно е во Штип, и едните и другите како да калкулираат, повеќе не сакаат да загубат отколку да победат, па затоа резултатот на мечот Брегалница – Тиквеш е 0:0.

ПретходноШто се случува во Струга: Лидерот до 20. минута им “стегна“ три гола на “пандевци“!
СледноЛестер му врачи отказ на Роџерс!