Ѕвездениот ПСЖ загуби дома и од Лион

214

Тимот на Пари Сен Жермен продолжува да игра топло-ладно во францускиот шампионат. Ѕвездената екипа предводена од Галтие по поразот од Рен минатото коло, сега доживеа пораз на домашен терен и од Лион.

Гостите победија со 1:0, а промашија и пенал во првото полувреме. Во 39 минута Лаказет не погоди од белата точка, поточно по неговиот шут топката заврши во стативата. Инаку пеналот го направи Донарума кој го повлече противничкиот играч на земја, а тоа го виде судијата.

Во 56 минута „лавовите“ ја погодија мрежата на „светците“. Напаѓачот Бредли Барцола стрелаше што на крајот се покажа како победнички гол (ОВДЕ).

Севкупно за ПСЖ ова е петти пораз сезонава но е на чело на табелата со 66 бода по 29 кола, шест повеќе од вториот и третиот Ленс односно Марсеј кои имаат по 60 бода.

ПретходноМилан го спушти на земја залетаниот Наполи
СледноАтлетико го совлада Бетис и се зацврсти на третото место