Добра вест од Охрид, Андоновски е во стабилна здравствена состојба!

479

Шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Горан Андоновски на полувремето на дуелот против Бутел на домашен терен морал да го напушти теренот, откако се пожалил на здравствени проблеми. Веднаш му биле извршени прегледи, тој е во стабилна состојба и веќе следната недела ќе се врати на своите обврски.

„Андоновски по лекарската интервенција е во стабилна здравствена состојба и се очекува следната седмица да се врати на работните обврски. ГРК Охрид на тренерот Андоновски му посакува брзо закрепнување и добро здравје“, стои во соопштението на клубот.

ГРК Охрид убедливо го совлада Бутел 28:19 во натпреварот од 7 коло од плеј-офот во ракометната Супер лига.

ПретходноМелоун откри зошто Јокиќ не игра пред плеј-офот!
СледноСВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ” нова наградна игра на 2WIN.MK