Дончиќ имаше шанса да стане јунак (ВИДЕО)

263

Далас го запиша третиот пораз во низа седми во последните осум натпревари и дополнително се оддалечи од плеј-инот во НБА, има скор од 37-42 односно победа помалку од Оклахома Сити.

Маверикси синоќа загубија од Атланта Хокс со 132:130 по продолжението, во кое Лука Дончиќ промаши тројка за победа во последната секунда.

Пред тоа, Мавс имаа шанса сето тоа да го изедначат во регуларниот дел, но Мекги погоди само едно од двете слободни фрлања во последната секунда. Во продолжението, по контроверзниот фаул на Кајри Ирвинг, Треј Јанг ги погоди двете слободни фрлања на 1,8 секунди до крајот и донесе клучна предност на Хокс кои се борат за најдобра можна позиција во плеј-инот на Истокот.

Далас имаше шанса да се избори за уште едно продолжение или да победи, но Лука Дончиќ беше непрецизен. Словенецот така остана на 22 поени, а Кајри Ирвинг ги предводеше Мавс со 41, додека кај Атланта, Мареј постигна 25 поени, а Јанг 24 со 12 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Торонто 108:128
Чикаго – Мемфис 128:107
Минесота – Портланд 105:107
Бруклин – Јута 111:110
Атланта – Далас 132:130 (пр.)
Њујорк – Вашингтон 118:109
Орландо – Детроит 128:102
Сакраменто – Сан Антонио 134:142 (пр.)
Хјустон – ЛА Лејкерс 109:134
Оклахома Сити – Феникс 118:128
Кливленд – Индијана 115:105
Милвоки – Филаделфија 117:104
Денвер – Голден Стејт 112:110

ПретходноЕве колку Челзи ќе треба да му плати на Потер за отказот!
СледноЃоковиќ се врати на врвот, Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата!