Хрватскиот стратег Славен Билиќ е кандидат за селекторското место во репрезентацијата на Украина, објави инсајдерот, Фабрицио Романо.
Доколку Фудбалската федерација на Украина реши да направи промени, Хрватот ќе се смета за фаворит. Украина во моментов има в.д. селектор во името на Руслан Ротан, но во Федерацијата сакаат трајно решение. Затоа наскоро ќе почнат преговори со Билиќ, кој е слободен агент по заминувањето од Ватфорд.
Претходно, гласините го поврзуваа Серги Ребров со функцијата селектор на украинската репрезентација која на 16 јуни ќе ни гпстува во Скопје во вториот квалификациски меч за Евро 2024.