Иван Тричковски уште еднаш се покажа како алфа и омега во кипарски АЕК Ларнака, откако денеска во дербито на врвот успеа да ја спаси својата екипа од пораз, постигнувајќи гол за рем – 2:2.
АЕК Ларнака беше домаќин на моќниот АПОЕЛ кој имаше водство од 2:1 до 88. минута, кога на сцена стапи нашиот искусен фудбалер, погодувајќи за израмнување и бод за домашните.
АПОЕЛ останува на врвот на табелата во кипарскиот шампионат со 62 бода, со таа разлика што сега зад себе го има Арис со два бода помалку. АЕК падна на третото место со 58 бодови, но останува трка за титулата.