Белами прогласи банкрот: Живеам како да сум осуден на смртна казна!

1833

Поранешната фудбалска ѕвезда на Велс и на повеќе англиски премиерлигаши, Крег Белами, го загуби своето богатство и официјално прогласи банкрот. Неговата финансиска пропаст е резултат на низа неуспешни инвестиции направени во негово име, а не на коцкање, дрога или пиење, како пороци со кои се соочуваат многу англиски фудбалери.

Милионите што тој ги заработи во експлозијата на платите во Премиер лигата како член на Њукасл Јунајтед, Ливерпул, Вест Хем и Манчестер Сити, колекцијата на часовници која беше неговата единствена вистинска екстраваганција и цело останато богатство веќе го нема.

Моментно Белами живее во скромен стан во северен Манчестер. Тој не е сопственик на станот, бидејќи не може да го поседува. За него го изнајмува Барнли, клубот од Чемпионшип каде што е помошник тренер на Винсент Компани.

Белами во моментов не поседува никаков имот. Нема дури ни автомобил. Официјално е банкрот и ако има некакво олеснување поради тоа што тој факт е јавен, тоа е тоа што неговата ситуација се надева дека ќе биде опомена за денешните млади фудбалери, кои заработуваат дури и повеќе од него во најдобрите денови од кариерата.

„Ги живеам последните пет-шест години како да сум осуден на смртна казна“, вели Белами.

„Само чекам некој да дојде и да ме ослободи. Чекам да се отвори вратата од ќелијата и некој да ми каже: „Денес е тој ден“. Имам чувство како да не можам да се израдувам на ништо. Сите пари што ги заработив, не можам да земам поради хипотеката. Финансиски немам иднина. Мојот живот е во мирување. Јас не сум даночен затајувач, но бев многу наивен. Сè што имав ми е одземено. Ако ве советуваат погрешни луѓе, резултатот е ова. Стигнав до точка кога банкротот изгледа како олеснување“, вели Велшанецот.

Иако некои ќе помислат дека Белами ги потрошил сите пари на пиење, коцкање или на дрога, тоаа не е вистина. Финансиската пропаст на Белами е резултат на серијата спектакуларни неуспешни инвестиции направени во негово име во имоти на Алберт Ембанкмент во Лондон, градежен проект во Цефн Коед Роуд во Кардиф, вински бар и стек куќа во Марина Пенарт наречена Пјер 64 и филм шема за одложување на даноци на партнерство, која втурна многу други фудбалери и познати личности во финансиски проблеми.

ПретходноУкраина сака да го постави Славен Билиќ за селектор пред јунското гостување во Скопје
Следно„Штрковите“ имаа само полесен тренинг против Кожув