Божидар Илиески има само 19 години, а беше „џокер“ на Лазаров против Вардар (ВИДЕО)

708

За триумфот на Алкалоид на дуелот со Вардар 1961 од 22-21 долго време ќе се зборува, особено поради фактот дека Кирил Лазаров располага со „арсенал“ на играчи кои се млади.

Еден од оние кои остави впечаток на мечот против актуелниот македонски првак е Божидар Илиески. Овој 19-годишен ракометар одигра одличен меч, беше „џокер“ на Лазаров.

Илиески е играч кој подеднакво добро се снаоѓа на лево крило и на бековските позиции, а добро му оди и реализацијата на седмерци. Зад своето име запиша три гола против Вардар, еден од нив од седум метри.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RK Alkaloid (@rkalkaloid)

ПретходноМомент за историја: Одлично судење на Ива Пројковска на дебито во ПМФЛ!
СледноЧелзи веќе загуби милиони, а ќе мора да плати отштета ако го сака Нагелсман!