Еве колку Челзи ќе треба да му плати на Потер за отказот!

399

Челзи му врачи отказ на досеашниот менаџер Грем Потер. Ова беше очекуван потег на раководството затоа што резултатите се катастрофални и покрај тоа што во зимскиот преоден рок беа вложени многу финансиски средства за нови играчи.

Според Sky Sports, Челзи постигнал договор со Потер и нема да мора да плати отпремнина што би претставувало невидено скапа разделба меѓу менаџерот и клубот. Се проценуваше дека Челзи ќе треба да плати околу 50 милиони фунти (околу 57 милиони евра) за да го ослободи Потер, кој добиваше 12 милиони фунти годишно (околу 13,65 милиони евра).

Сепак Потер ќе добие 21,5 милиони фунти (околу 24,5 милиони евра) обештетување, а само таа бројка е светски рекорд за тренери кои останале без работа, пренесуваат англиските медиуми.

ПретходноАтлетико го совлада Бетис и се зацврсти на третото место
СледноДончиќ имаше шанса да стане јунак (ВИДЕО)