Еспањол и Ваљадолид со тренерски смени

76

Шпанските прволигаши Еспањол и Ваљадолид одлучија да направат тренерски промени во финишиот на сезоната во Ла Лига. Еспањол ја прекина соработката со Диего Мартинез, а причина се лошите резултати. На последните пет натпревари Eспањол претрпе четири порази со што падна на 17 место на табелата. Севкупно под водство на Мартинез, каталонската екипа запиша 9 мечеви, 9 ремија и 13 порази.

Неофицијално нов тренер ќе биде Луис Гарсија, кој моментално работи како тренер на „Ц“ тимот на Реал Мадрид.

И Ваљадолид му врачи отказ на тренерот Хозе Рохо Мартин, попознат како Пачета. И на него му пресудија лошите резултати и падот на 16 позиција на табелата, само еден поен над опасната зона. Викендов Ваљадолид изгуби со 6:0 од Реал Мадрид.

Инаку Пачета го предводеше тимот на 75 натпревари.

ПретходноКлоп по отказите што ги добија Потер и Роџерс: Сигурно се прашувате зошто се уште сум овде
СледноКоментар на 25.коло: Хероите од Автокоманда, Струга ТЛ во еуфорија, Шкендија во налет…а Шкупи,…ех, Арслан, Арслан!