Клоп по отказите што ги добија Потер и Роџерс: Сигурно се прашувате зошто се уште сум овде

314

Викендов Челзи и Лестер одлучија да ги отпуштат тренерите Грем Потер и Брендан Роџерс поради лошите резултати во првенството. И Ливерпул има лоши резултати, губи од кој ќе стигне и му е загрозена позицијата за излез во ЛШ идната сезона.

На случувањата одговори и менаџерот Јирген Клоп.

Што да кажам? Сигурно се прашувате зошто се уште сум овде. Ова луд свет. Игра на преживување, а последниот преживува!

Челзи и Ливерпул утре ќе одиграат меѓу себе во рамките на Премиер лигата.

Свесен сум за фактот дека седам пред вас поради минатото, а не поради тоа што го правиме оваа сезона. Ако ова беше мојата прва сезона, ќе беше сосема поинаку. Да, имаме паметни сопственици и тие знаат каква е ситуацијата, но за да бидете 100% сигурни, подобро прашајте ги самите. Дали се плашам да не бидам отпуштен? Не, но мислам дека и Грем Потер не се плашеше. Нема потреба да се плашите. Не сум тука како талисмен, туку да донесам успех.

Не можеме да продолжиме да играме вака. Ова повеќе не е дозволено. Навистина сум разочаран што правиме вакви работи, но мора да најдеме излез.

Ни треба реакција. Одигравме супер чуден натпревар против Сити. Нашето однесување во вториот дел беше неприфатливо, но сепак се случи. Помеѓу двата меча немаме можност да работиме на теренот, но против Челзи мора да покажеме подготвеност да реагираме. Момците сакаат да покажат едно, но проблемот се кратките рокови. Во моментов немам поим со каков состав можам да одам бидејќи тие информации ќе ги добијам по прес-конференцијата. Сакам да почекаме на овие одлуки и да им дадеме на момците што е можно повеќе време да се опорават. Промени секако ќе има, и треба да има “, изјави Клоп.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Абази го шокира “својот“ Шкупи
СледноЕспањол и Ваљадолид со тренерски смени