Требаше да поминат 31 сезона во самостојна Македонија во ПМФЛ, за да ете, се случи историја. Имено вчера во Тетово за првпат фудбалската правда во нашата елитна лига ја “делеше“ припадничка на понежниот пол, и тоа Ива Пројковска.
И како што очекуваше, Ива одлично си ја заврши работата, покажа дека и жените знаеле и тоа како добро да судат на мечевите каде што играат мажите.
Натпреварот Шкендија – Победа го добија домашните со 2:0, но најважно е што и двете екипи имаа 50-50 судење, како што популарно се нарекува кога некој одлично ќе го отсуди натпреварот.
Од сите страни доаѓаат честитки до Ива за нејзиното судење вчера под Шара, и уверение дека таа заслужува почесто да ја гледаме на нашите прволигашки терени во улога на главен судија.
Којзнае набргу можеби ќе ја видиме и на некое дерби, како на пример Шкупи – Шкендија на Чаир?