Савевски денеска прозива за мисијата СП 2023!

110

Македонската женска ракометна репрезентација денеска стартува со подготовките за бараж мечот со Украина за пласман на Светското првенство 2023 година.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Љубомир Савевски повика 20 ракометарки. Последна во стројот ќе се приклучи Сара Ристовска, која поради меч со ЦСКА Москва треба да биде на располагање веќе утре.

Македонија е домаќин на првиот меч, Украина ја пречекува на 8. април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот. Реваншот е закажан за три дена подоцна во унгарскиот град Кишварда.

Претходно„Сите чекаме Меси да ја реши ситуацијата, критиките немаат смисла!
СледноМелоун откри зошто Јокиќ не игра пред плеј-офот!