Во среда (05.04.2023) се играат двете полуфиналиња во Купот на Македонија. Се среќаваат Струга ТЛ и Силекс, како и Шкендија и Македонија ЃП. Познати се и судиите за овие два меча. Во Струга главен арбитар ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, додека во Тетово правдата ќе ја дели Александар Ставрев од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ – 1/2 ФИНАЛЕ КУП (СРЕДА-15 Ч)
Струга ТЛ – Силекс: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Шкендија – Македонија ЃП: Александар Ставрев (Скопје)
*Се игра по еден натпревар