ТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Абази го шокира “својот“ Шкупи

321

Така е тоа во фудбалот, па и во животот. А, кој друг, ако не својот. Анид Абази, “детето“ на Шкупи, вчера на Чаир удри против “својот“ Шкупи. Не само што одигра маестрално во дресот на Скопје, туку беше и стрелец на победничкиот гол за “пиратите“ од Автокоманда.

Токму затоа Абази е играч на 25.коло. Не се сеќаваме кога тоа Шкупи дома, на својот Чаир, бил поразен во меч од ПМФЛ. Покрај него во тимот на колото од Скопје се и голманот Ефремов, Рашид и Тодоров.

Од Шкендија тука се Реџепи и Шаља, потоа од Тиквеш тука е Вареловски, од Струга ТЛ двојниот стрелец Ибраими и секако Мухареми, од Македонија ЃП тука се Алексовски и Личина.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АНИД АБАЗИ

Тим: Скопје

Роден: 09.10.2002 во Скопје

Кариера: Шкупи, Скопје

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мирсад Јонуз (Скопје)
СледноКлоп по отказите што ги добија Потер и Роџерс: Сигурно се прашувате зошто се уште сум овде