Чеферин: Два од трите клуба кои „сонуваат“ Суперлига се фатени во скандали!

528

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин, отворено ги нарече манипулатори клубовите кои се уште се обидуваат да ја држат во живот идејата за формирање на Суперлига.

„Овој проект сè уште е во живот само заради публикациите во весниците и егото на одредени чинители. Се обидуваат да направат нешто за да ги зајакнат своите позиции во случај на преговори со УЕФА , но не разбраа дека нема за што да се разговара“, вели првиот човек на европскиот фудбал.

Словенецот на чело на европската куќа на фудбалот не се воздржа да ги прокоментира и последните скандалозни однесувања на првите луѓе на клубовите кои стојат зад идејата за формурање своја фудбалска лига.

„Интересна работа е што од три клуба кои тврдат дека се спасители на фудбалот, едниот е гонет поради измама со буџетот, а другиот поради трансфер на пари на еден од челниците на судиската комисија. Останува да видиме дали ќе има нешто и за третиот клуб. Навистина ме интересира како ќе го спасат фудбалот“, изјави Чеферин.

ПретходноДимитријевиќ со 8 поени и 9 асистенции за втора победа на Уникс К. во четвртфиналето
СледноУкраина сака да го постави Славен Билиќ за селектор пред јунското гостување во Скопје