Чеферин: Ситуацијата со Барселона е крајно сериозна

256

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин за прв пат го коментираше случајот „Негреира“ и можните последици за Барселона . Европската централа веќе започна сопствена истрага за случајот, а шпанското обвинителство одамна покрена обвиненија против Каталонците. Чеферин ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна.

„Ова е една од најсериозните ситуации што сум ги видел во фудбалот. Сепак, не можам директно да коментирам од две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија која се занимава со оваа работа. И второ, затоа што не сум се занимавал детално со случајот. Сепак, доволно сум информиран да кажам дека ситуацијата е крајно сериозна. На ниво на Ла Лига, секако, се е јасно, бидејќи според тамошните важечки прописи не може да има спортски последици за Барселона поради истечен рок на застареност. Постапките продолжуваат на ниво на обвинителство. Сепак, за УЕФА застареноста не е важна“, изјави Чефереин за словенечкиот весник „Екипа“.

ПретходноТрагедија во Шпанија: Фудбалер починал по убоди со нож (ВИДЕО)
СледноСудии за Куп: Трпчевски “главен“ во Струга, Ставрев ќе им суди на Шкендија и Македонија ЃП