„Штрковите“ имаа само полесен тренинг против Кожув

89

Шампионот МЗТ Скопје А. без проблеми стигна до уште една нова победа во домашниот шампионат, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ славеше над Кожув со 87-67.

Иако без својот прв тренер Николиќ кој е болен, МЗТ Скопје А. немаше проблеми со гостите од Гевгелија. Најнеизвесно се чини беше во првиот период кој МЗТ Скопје А. го доби со 18:17, по што следуваше убедливо издание на шампионот во вториот период за +10 на полувреме.

Во вториот дел домашните ја зголемуваа предноста во третата четвртина, а потоа во завршните 10 минути дозволија Кожув малку да ја спушти негативата. Робев со 14 поени беше најефикасен кај домашните, додека Братож постигна 16 поени за Кожув.

ПретходноБелами прогласи банкрот: Живеам како да сум осуден на смртна казна!
СледноПотер веднаш добил понуда од Лестер, но ја одбил