Димитријевиќ со 8 поени и 9 асистенции за втора победа на Уникс К. во четвртфиналето

58

Нено Димитријевиќ и Уникс Казан ја остварија и втората победа во четвртфиналето на ВТБ лигата над екипата на Парма Перм и веќе стигнаа на само еден триумф до полуфиналето.

Одличен настап на денешниот меч имаше нашиот репрезентативец, кој средбата ја заврши со 8 постигнати поени, за близу 25 минути поминати на паркетот. За издвојување се и 9-те асистенции, како и 6-те скока со кои ја збогати својата статистика.

ПретходноАлфа и омега: Тричковски со гол извади реми за АЕК Ларнака (ВИДЕО)
СледноЧеферин: Два од трите клуба кои „сонуваат“ Суперлига се фатени во скандали!