Легендарниот Џон Тери на навивачите им наплатува 500 фунти за дружење со него

462

Како професионален фудбалер Џон Тери одигра 492 натпревари во Премиер лигата за Челзи, Нотингем Форест и Астон Вила. Беше капитен на „сините“, а исто така беше дел од екипата која стана европски првак во 2012 година.

Се пензионира од фудбалот во 2018 година.

По завршувањето на кариерата тој не размислува да работи како тренер туку во бизнис. И по кариерата има идеја како да заработи пари од фудбалот.

Во хотелот Хемпшир Корт во Басингсток ноќевање чини 89 фунти, а фудбалските љубители имаат шанса за 500 фунти освен ноќевање да добијат и дружба со легендарниот Тери. Во брошурата пишува дека за тие пари можете да го прашате Тери што сакате, па и да се фотографирате со него.

Така некогашната ѕвезда на Челзи поради оваа идеја стана предмет на исмејување на социјалните мрежи, а еден од фановите иронично му предложи да го поведе и Вејн Бриџ. Тери се најде во центарот на вниманието поради аферата со Ванеса Перонсел која тогаш му беше сопруга на Бриџ со кого има и дете.

ПретходноЖенска А репрезентација на Македонија: Контролни натпревари против Албанија и Црна Гора
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мирсад Јонуз (Скопје)