Албанските медиуми денеска ја пренесуваат веста дека Гоце Седлоски ќе ја преземе клупата на тамошниот прволигаш, Влазниа од Скадар.
Искусниот стратег во моментов е без ангажман со оглед на фактот дека се раздели со тимот на Шкупи, актуелниот ПМФЛ шампион, но очигледно дека многу краток период ќе биде без работа.
Во моментов четвртопласираниот тим во Албанија е во потрага по нов тренер, а очигледно дека ете, се одлучува за Седлоски.
Пред неколку години во овој клуб работеше и поранешниот македонски селектор а во моментов тренерот на Скопје, Мирсад Јонуз.