Нашиот репрезентативен голман Столе Димитревски беше еден од главните виновници што Рајо успеа да однесе еден бод од гостувањето кај Валенсија. Рајо Ваљекано одигра 1:1 на гостувањето на „Местаља“, а Димитриевски со своите одбрани беше еден од најдобро оценетите фудбалери на мечот.
Гостите имаа водство благодарение на голот на Комесана од 9. минута, но Валенсија направи голем притисок, кој им донесе гол од белата точка. Клајверт го совлада нашиот голман во 81. минута и го сласи својот тим од пораз.