Кога ќе го победиш Шкупи, кога ќе го победиш актуелниот шампион на негов терен и тоа на Чаир, во меч на кој на домашниот тим трите бода живот му значат во битката за титулата, е тогаш навистина си направил маестрална работа.
Ете, таква маестрална работа направи вчера Мирсад Јонуз со својот тим од Автокоманда, Скопје како гостин го победи Шкупи со 0:1.
И затоа Мирсад Јонуз е тренер на колото и тоа без конкуренција. Јонуз е искусен, прекален тренер, знае што треба да прави во даден момент, и ова е негово дело. Секоја чест на играчите, посебно на стрелецот Абази, сепак за оваа победа најзаслужен е Јонуз, тука нема сомневање.