Изминатиот викенд во домашниот ПМФЛ шампионат се играше 25. коло, а во него секако своеидна сезнација приреди тимот на Скопје, кој среде Чаир го совлада актуелниот бранител на титулата, тимот на Шкупи со конечни 0:1.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Анид Абази, кому му припаѓа и фотографијата на колото.
Во еден дуел Абази влезе со глава онаму каде што бразилецот Куевен влезе со нога. Очигледно дека таквиот пожртвуван пристап на гостите и им ја донесе оваа значајна победа и бодови, и правец каде тимот треба да се движи до крајот на шампионатот ако сака прволигашки статус и следната сезона.