Претседателот на УЕФА Александар Чеферин, отворено ги нарече манипулатори клубовите кои се уште се обидуваат да ја држат во живот идејата за формирање на Суперлига.
„Овој проект сè уште е во живот само заради публикациите во весниците и егото на одредени чинители. Се обидуваат да направат нешто за да ги зајакнат своите позиции во случај на преговори со УЕФА , но не разбраа дека нема за што да се разговара“, вели првиот човек на европскиот фудбал.
Словенецот на чело на европската куќа на фудбалот не се воздржа да ги прокоментира и последните скандалозни однесувања на првите луѓе на клубовите кои стојат зад идејата за формурање своја фудбалска лига.
„Интересна работа е што од три клуба кои тврдат дека се спасители на фудбалот, едниот е гонет поради измама со буџетот, а другиот поради трансфер на пари на еден од челниците на судиската комисија. Останува да видиме дали ќе има нешто и за третиот клуб. Навистина ме интересира како ќе го спасат фудбалот“, изјави Чеферин.