Новак Ѓоковиќ од денеска повторно е тенисер број еден во светот. Поразот на Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на Мастерсот во Мајами од Италијанецот Јаник Синер значеше дека српскиот тенисер денеска се враќа на чело на АТП караванот.
Алкараз мораше да го одбрани трофејот во Мајами за да остане на првото место. Новак сега има 7.160 поени, точно 380 повеќе од младиот шпански тенисер.
Трет е Гркот Стефанос Циципас со 5.770 бодови, а Русинот Медведев по четвртата титула сезонава се проби на четвртото место со 5.150 бодови.
Каспер Руд падна на петтото место, а зад него се Рубљов, Феликс, Холгер Руне, Јаник Синер и Тејлор Фриц до десеттото место.
Што се однесува до македонскиот тенисер, Калин Ивановски, забележа скок од 18 место на АТП листата за освојување на 457. позиција во овој светски поредок. Ова место е најдобро за него до сега.