„Марка“: Точно е – Саудијците понудиле 400 милиони годишно за Меси!

344

Новинарот Фабрицио Романо објави, а шпанска „Марка“ денеска ја потврди информацијата дека Меси има „ненормална“ понуда од Саудиска Арабија за продолжение на кариерата на Блискиот Исток.

Саудискиот клуб Ал Хилал, кого го нарекуваат „блискоисточниот Реал Мадрид“, упатил импресивна понуда до Лео Меси во висина од неверојатни – 400 милиони евра годишно!

Веста е потврдена, па сега се чека одговор од таборот на аргентинската мегаѕвезда. Ал Хилал (клуб на саудиското кралско семејство) е подготвен да му ја плати на Аргентинецот најголемата сума што еден фудбалер ја добил во историјата на фудбалот како бруто плата.

400 милиони годишно се двојно повеќе од астрономските 200 милиони кои Кристијано Роналдо ги доби со трансферот во Ал Наср.

ПретходноРепрезентативец на БиХ суспендиран на четири години
СледноУЕФА му забрани на Феенорд да им продава билети на навивачите на Рома