Европската ракометна федерација (ЕХФ) го суспендира на четири години ракометниот репрезенативец на БиХ Ален Овчина поради користење на недозволени стимуланси. Овчина бил позитивен на забранета супстанција 19-норандростерон кој е анаболички стероид за време на тестирањето на мечот меѓу Словенија и БиХ минатата година во рамките на доигрувањето за ЕП.
ЕХФ одлучи да го суспендира ракометарот на четири години, почнувајќи од 21 декември минатата година.
Инаку Овчина е лев бек на Слобода Тузла, а во кариерата играл и за Војводина, Анталијаспор, Ал Шамал и Грачаница.










