Халанд потпиша рекорден договор од 227 милиони евра, но не со Сити!

14452

Ерлинг Халанд не само што потпиша доживотен договор, туку договор за историја. Сепак, не станува збор за нова соработка со англискиот шампион во кој заработува 426 илјади евра неделно, туку со производител на спортска опрема.

Халанд вети дека ќе носи копачки на Најк за 22,7 милиони евра годишно во следните десет години. Халанд го избра американскиот производител, сакајќи да тргне по стапките на својот идол Роналдо, кого добро го надмина. Англиските медиуми пишуваат дека тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.

Халанд сега во голема мера се врати под покровителство на Најк. Американскиот гигант го спонзорираше уште од својата 14-та година, но Халанд не го продолжи договорот кој заврши во јануари минатата година. После тоа, тој постигна гол во копачките на Пума, Адидас, а сега се обврза долгорочно со Најк. Така тој се приклучи на друштвото на Килијан Мбапе, Маркус Рашфорд, Хари Кејн, Кевин Де Брујн и Кристијано Роналдо.

ПретходноДалас без Ирвинг и Дончиќ до крајот на сезоната?
СледноРФМ ги отвори вратите за дуелот меѓу Македонија и Украина!