Легендарниот Французин удри по ПСЖ: Меси оди си од тој пензионерски тим!
527
Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, членот на првата златна генерација на Франција од СП 1998 година го коментираше мечот на ПСЖ со Лион, на кој „светците“ беа поразени со 0-1. На овој меч навивачите го исвиркуваа Лионел Меси. Тој му порача на Аргентинецот веднаш да си замине, потенцирајќи дека Аргентинецот е диригент на оркестарот на теренот, тој треба да управува со фудбалерите.
“Кога ќе го слушнам тоа, за мене е навреда за фудбалот. Отворено би му рекол на Меси да си замине од ПСЖ по ова. Вакви работи се неприфатливи. Овој клуб не е фудбалски клуб, туку тим за пред пензионирање, дури и за играчи во нивните 20. години. Ниту еден играч не се подобри откако дојде во ПСЖ. Дали е виновен Меси? Тој е волшебник со волшебно стапче, но него не му требаат играчи кои само се трудат. Играчите кои сакаат да ја имаат топката како Верати во своите нозе никогаш не им оди добро овде. Само навивачите на Париз не разбираат дека треба да имаш тим околу Меси, нешто што тие го немаат и нема да го имаат.
Проблемот на ПСЖ не се играчи како Меси и Нејмар. Мора да знаете како да ги искористите. Погледнете ја Аргентина, која го опкружи Меси со воини подготвени да умрат и да ја дадат својата крв за Меси. Ме потсетува на времето кога играв со Зидан. Не би рекол дека игра одбрана, но морав да го сторам тоа за да може да го раководи оркестарот“, изјави Петит.