„Се ближи раводот“ е насловот под кој најугледниот спортски дневен весник L’Equipe пишува за претстојното заминување на Лионел Меси од ПСЖ. Во најновото издание стои дека Аргентинецот може да остане доколку ја прифати понудата на ПСЖ која што е тешко прифатлива.
Неговиот договор завршува за две месеци, а раководството одлучи радикално намалување на платата за дури 75 проценти. Меси не би останал гладен дури и да го прифати ова радикално намалување на личниот доход, бидејќи и да му се намали платата за три четвртини, сепак ќе му останат 10 милиони евра годишно, но секако не се очекува да прифати пад на платата од 40 до 10 милиони евра.
Зошто ПСЖ му нуди нов договор со 30 милиони евра помалку годишно?
„Л’Екип“ пишува дека за да остане во рамките на параметрите на финансискиот фер-плеј, ПСЖ мора итно да воведе големи заштеди, пред се во буџетот за плати, затоа не може да му понуди на Меси поголема плата од наведената. Меси дојде во ПСЖ во летото 2021 година без обештетување, но со споменатата феноменална плата. Неговиот договор завршува на лето, кога ќе наполни 36 години и може да замине без обештетување и тоа во Барселона.
Откако навивачите на ПСЖ се свртеа против Аргентинецот шансите за да остане се мали, Меси најверојатно ниту за поголема плата нема да прифати продолжување на соработката бидејќи не ги заслужува тие исфиркувања.