РФМ ги отвори вратите за дуелот меѓу Македонија и Украина!

351

Македонската женска ракометна репрезентација има голема шанса да биде дел од уште едно големо натпреварување. Селекторот, Љубомир Савевски и неговите избранички од вчера ги почнаа подготовките за бараж двомечот против Украина кој носи место на Светското првенство 2023 година.

Првата средба се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 8. април (19 часот), РФМ одлучи влезот да биде слободен. На нашите девојки им треба максимална поддршка за да направат голем чекор кон Мундијалот.

Реваншот со Украина се игра за три дена во унгарскиот град Кишварда.

Македонија од денеска треба да биде комплетна, последна во стројот се приклучи Сара Ристовска.

ПретходноХаланд потпиша рекорден договор од 227 милиони евра, но не со Сити!
СледноПогледнете зошто Карагер го нападна Кејн кој доби шлаканица и прст во око (ВИДЕО)