Утре со почеток од 21 часот на “Камп Ноу“ се игра реваншот од 1/2 финалето во Купот на Кралот меѓу Барселона и Реал Мадрид. Значи ќе имаме уште едно „Ел Класико“ во текот на оваа сезона. Барса е во предност зошто на првиот меч во Мадрид успеа да победи со 1:0.
Сепак во преден план е гневот на “кралевите“ откако дознаа кој им суди, па објавија видео со кое сакаат да покажат дека Хуан Мунуера, кој е главен судија и Хозе Луис Гонзалес кој ќе биде главен во ВАР собата, во минатото грешеле на штета на Реал Мадрид, а посебно се издвојува мечот од сезоната 2020/21 против Севилја, на кој според “кралевите“, токму судиските грешки биле виновни што тие во таа сезона не ја освоиле титулата.
Очигледно е дека веќе е започната “студената војна“ во пресрет на утрешниот реванш во 1/2 финалето во Купот на Кралот.
Martínez Munuera y González González (VAR).
Historial con Real Madrid.
Video #RMTVpic.twitter.com/jW9Y23WXrK— Rafa RNMJ Real Madrid (@RafaRNMJ) April 3, 2023










