Репрезентативец на БиХ суспендиран на четири години

421

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го суспендира на четири години ракометниот репрезенативец на БиХ Ален Овчина поради користење на недозволени стимуланси. Овчина бил позитивен на забранета супстанција 19-норандростерон кој е анаболички стероид за време на тестирањето на мечот меѓу Словенија и БиХ минатата година во рамките на доигрувањето за ЕП.

ЕХФ одлучи да го суспендира ракометарот на четири години, почнувајќи од 21 декември минатата година.

Инаку Овчина е лев бек на Слобода Тузла, а во кариерата играл и за Војводина, Анталијаспор, Ал Шамал и Грачаница.

ПретходноПСЖ со ултиматум за Галтие: Или две победи или пакувај се!
Следно„Марка“: Точно е – Саудијците понудиле 400 милиони годишно за Меси!