Меси не е како Роналдо: Лео ја одби понудата вредна 400 милиони евра по сезона!

1689

И дефинитивно Лео Меси не е како Кристијано Роналдо, и, барем засега, нема да потпише договор со Ал Хилал. Имено и официјално светскиот првак ја одби понудата на пребогатиот клуб од С. Арабија вредна 400 милиони евра или 13 евра по секунда, или 1,1 милиони евра на ден.

Лео се заблагодарил на понудата, која е најголема во историјата на спортот, да потсетиме дека Роналдо игра за Ал Наср за двојно помалку, за 200 милиони евра, и истакнал дека барем засега тој се гледа и натаму во европскиот фудбал.

А тоа значи дека тој или ќе се врати во Барселона или пак ќе го продолжи договорот со ПСЖ, трето нема.

ПретходноМукаетов: Мора да го собереме квалитетот на едно место, дали да биде по примерот на Будуќност…Треба да се размисли добро!
СледноПолувреме: Стружани промашуваат зицери против Силекс, “лавовите“ водат под Шара!