Меџит Незири, херојот на Струга ТЛ: Ова е најважниот гол во мојата кариера!

170

Ете, отккако не успеа трипати во минатите три години да го помине полуфиналето, Струга ТЛ конечно успеа во червтиот обид, го победи Силекс и на 20 мај во големото финале ќе се игра против Македонија ЃП.

Херој на стружани е Меџит Незири, тој беше стрелец на победничкиот гол вреден пласман во финале:

Пресреќен сум, ова е голем успех, ова е историја. Мислам дека апсолутно заслуживме да се победиме. Бевме доминантни во текот на целиот меч, имавме многу шанси, но реализиравме само една. Можам да кажам дека ова е мојот најважен гол во кариерата, јас сум дефанзивец, не сум се радувал многу на свои голови, но овој гол е нешто посебно“ изјави искусниот дефанзивец на Струга ТЛ.

ПретходноПобедничко фото од Тетово: Македонија ЃП се радува на ново финале во Купот!
СледноНов „системски допинг“ во атлетиката: Лекари вмешани во допинг на кениските атлетичари?