Тимот на Инголштад предмалку преку својот официјален сајт објави дека македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, кој што настапува таму се здобил со повреда на тренинг.
Се работи за повреда на мускулот, со нагласок дека Муслиу ќе мора да одуствува во периодот кој следува.
И покрај третолигашкиот статус на клубот, Муслиу и натаму продолжи да биде дел од тимот на Инголштад, и не го загуби ниту репрезентативниот статус на Македонија.