Нов „системски допинг“ во атлетиката: Лекари вмешани во допинг на кениските атлетичари?

110

Претседателот на Одделението за атлетски интегритет (IAU), Дејвид Хауман, го осуди големиот допинг скандал во Кенија во кој се вклучени и „луѓе со медицинско искуство“.

„Јасно е дека допингот во Кенија станува се подобро организиран. Ова е сериозна закана за нашиот спорт. IAU доби мандат да работи со кениската влада, нејзината атлетска федерација и нејзината антидопинг агенција за борба против оваа криза. Ќе направиме се што е можно за да го идентификуваме изворот на овој допинг скандал“, вели Хауман.

Неодамна атлетичарот Еглај Наљања беше суспендиран на осум години поради допинг, а неколку недели потоа и Бети Вилсон Лемпус беше суспендирана на пет години поради слични причини.

„Тричлената порота најде сличности во доказите. Наљања и Лемпус рекоа дека примиле интрамускулни инјекции во истата болница и обезбедиле фалсификувана медицинска документација за да ги поткрепат нивните тврдења. И во двата случаи, истрагата откри дека споменатите лекари биле фиктивни и дека ниту еден спортист не примил инјекција, иако тој ден бил во болница. Се чини дека кениските спортисти имаат помош на еден или повеќе луѓе, вклучително и некој со значително медицинско знаење. Ова не е ограничено само на еден случај“, велат од IAU.

ПретходноМеџит Незири, херојот на Струга ТЛ: Ова е најважниот гол во мојата кариера!
СледноНово победничко селфи: Оваа Струга ТЛ не се шегува, сега во атак на двојната круна!