Чеферин, реизбраниот претседател на УЕФА: Јуве, Реал и Барса се како картел!

429

Денеска на конгресот на УЕФА во Лисабон, Александер Чеферин беше резбран на функцијата прв човек на Европската куќа на фудбалот. Ова му е негов трет мандат кој ќе трае до 2027 година.

Од пригодниот говор што го одржа Словенецот, најголемо внимание предизвика тоа што тој го кажа за Суперлигата, односно за трите клуба кои и натаму ја “буткаат“ таа идеја.

Јуве, Реал и Барса се картел. А во европскиот фудбал нема место за картели. На нив поважни им се парите отколку трофеите, они сакаат затворено натпреварување, а фудбалот не им припаѓа само на нив, туку на сите нас. Јавниот интерес мора да биде над интересите на тие три клуба и на нивните финансиери. На нив домашните првенства им се неважни, а ние сите знаеме што значат домашните шампионати кои мора да останат темел на фудбалот и јасно е дека ни треба помош од сите вас со цел да го сочуваме тој модел“ рече покрај другото пред делегатите на конгресот на УЕФА денеска во Лисабон, Александер Чеферин.

ПретходноАнтиќ во работна посета на Женева
СледноКуп-1/2 финале: Струга ТЛ го „скрши“ Силекс за испишување на клупската историја!