Што го предизвика хаосот во Торино: Расистички навреди кон Лукаку или пцовките на Куадрадо?

441

Жестоката пресметка меѓу Јувентус и Интер во првото полуфинале од Купот на Италија не заврши без инцидент. По израмнувањето на гостите со голот на Лукаку од пенал, страстите зовреа, а судијата мораше да дели и црвени картони.

Според италијснкиот весник „Газета дело Спорт“ причина за тензиите во прва рака е начинот на кој Лукаку реши да го  прослави голот за израмнување. Тој го стави прстот на уста како да сака да ги замолчи навивачите на Јувентус, по што следуваше жестока реакција од Куадрадо. Судијата го опомена Лукаку за славењето, а Белгиецот веќе имаше жолт картон, па автоматски доби црвен. Куадрадо почна да се турка, па и Колумбиецот беше предупреден. Потоа, Куадрадо му дофрлил нешто на Хандановиќ, по што голманот на Интер му возврати со раширени раце и покана за физичка пресметка. Двајцата си размениле сочни зборови.

Од Интер тврдат дека се започнало поради расистички навреди кон Лукаку по постигнатиот гол. Агентите на Белгиецот побараа од Јувентус да се извини за навредите.

ПретходноМилнер стана трет фудбалер со најмногу настапи во Премиер лигата
СледноАлегри: Резултатот е реален, но Костиќ мораше да биде повнимателен